
Зверев подобар од Чилиќ во Лондон
Александар Зверев со победа стартуваше на завршниот мастерс турнир во Лондон, откако во два сета го совлада Марин Чилиќ во рамки на групата А.
Германскиот тенисер славеше во тај брејкот во двата сета, во првиот со 7-5, додека во вториот со 7-1. Хрватот иако имаше бреј-предност во два сета, направи многу грешки и му дозволуваше на Зверев да се врати и на крајот да победи.
Вечерва во вториот натпревар во групата А, Новак Ѓоковиќ игра против Џон Изнер.
Вчера во првото коло во групата Б, Кеи Нишикори во два сета го победи Роџер Федерер, додека Кевин Андресон исто така со 2-0 славеше против Доминик Тим.