ФФМ: Вардар без лиценца за Европа
ФФМ ја објави листата на екипи што добија лиценци за настап во Европа како и на клубовите кои не ги исполниле критериумите.Втора година по ред Вардар ќе остане без меѓународни натпревари под УЕФА поради долговите на клубот,иако ФФМ неколку пати го одлагаше крајниот рок давајќи шанса „Црвено-црните“ да ја консолидираат финансиската состојба.Лиценци за настап во европските купови за сезоната 2020/21 добиваат: Академија Пандев, Македонија ЃП, Работнички, Ренова, Силекс, Шкендија и Шкупи.Покрај Вардар,без лиценца и настап во натпреварувањата на УЕФА останаа и Борец Велес, Струга Трим Лум и второлигашот Брегалница, полуфиналист во Купот.ФФМ дополнително ќе се изјасни кои екипи ќе ја претставуваат Македонија во европските купови, според пласманот на табелата во мометот на прекин со изземање на лидерот Вардар, или пак според клупските коефициенти на екипите од претходните настапи во Европа.