Ѓоковиќ со позитивен тест на Ковид 19

Водечкиот светски тенисер Новак Ѓоковиќ  е инфициран со  Корона  вирусот .Откажан е  преостанатиот дел од  турнејата Адрија Тур  во Бања Лука и Сараево.

Веднаш по пристигнувањето во Белград, отидовме на тестирање. Јас и Јелена сме  позитивни. Децата се негативни. Сè што направивме во изминатиот месец направивме со чисто срце и искрени намери. Нашиот турнир беше од хуманитарен карактер со идеја да им помогнеме на тенисерите од регионот. Во исто време, сакавме да испратиме пораки на солидарност , почит и фер плеј –изјави Ѓоковиќ после добиените резултати од тестирањата.Тој не чувствува никакви симптоми.

 

Од  спектакл до дебакл,неславен  крај на Адриа Турот во Задар со епилог ,позитивни тестови на Ѓоковиќ,Димитров,Чориќ и на Троицки.

Организаторот на  Адрија туриот,Новак Ѓоковиќ  како и ко-организаторот на турнирот во Задар, Хрватската тениска Федерација се соочија со силни критики поради однесувањето на играчите,на  публиката и на официјалните лиц,а спротивно препораките за одржување на социјална дистанца.Иако не се чувстувал добро,со симптоми на вирусот,Григор  Димитров го одигра турнирот во Белград,потоа допатувал и во Задар.Неговиот противник од саботниот меч Борна Чориќ  е исто така позитивен,како и Виктор Троицки кој не беше дел од турнирот во Задар ,но настапи на Адриа турот во Белград каде имаше меч со Новак Ѓоковиќ.Во таборот на водечкиот светски тенисер,претходно потвдрија дека инфициран е кондицискиот тренер.Повод случувањата на Адриа Турот се огласи и АТП.Во соопштението се вели-АТП посакува целосно и брзо опоравување на сите тенисери и членови на нивните тимови што се позитивни на Ковид 19.АТП продолжува силно да се залага за препораки за социјално дистанцирање, здравје и безбедност за да се запре ширењето на вирусот.

Во Задар настапија играчи од самиот врв на светскиот тенис ,Новак Ѓоковиќ, Борна Чориќ, Марин Чилиќ, Александар Зверев, Григор Димитров и Андреј Рубљов. Првиот турнир во серијалот „Адрија Тур“ се одржа во Белград, а по Задар планирана беше   Бања Лука и егзибиција  во Сараево.

Објавено на
© 2024 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ