Џо Бајден нема да држи предизборни митинзи

Кандидатот на Демократската партија на претседателските избори во САД, Џо Бајден, денеска соопшти дека нема да организира предизборни митинзи поради епидемијата на коронавирусот.

Ќе  ги почитувам наредбите на лекарите, не само за мене, туку и за земјата, а тоа значи дека нема да одржувам собири, рече поранешниот американски потпретседател.

Би-Би-Си наведува дека тоа е во целосна спротивност со ставот на неговиот противник Доналд Трамп, кој на крајот на јуни веќе го одржа својот прв митинг од кампањата во Тулса, во сојузната држава Оклахома, и покрај здравствените предупредувања.

Одзивот на поддржувачите, меѓутоа , беше помал од очекуваниот, а нови митинзи не се најавени.

Објавено на
© 2024 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ