ЕХФ: ВАРДАР ЕДИНСТВЕН КЛУБ ОД МАКЕДОНИЈА ВО ЛШ ЗА 2020/21

Европската ракометна федерација ја објави листата од 16 клубови кои ќе учествуваат во ЛШ следната сезона.Покрај 10-те потврдени екипи како  ,Вардар,ПСЖ,Барселона,Загреб,Порто,Кил ,Фленсбург,Веспрем, Кјелце и Алборг,ЕХФ додели 6 вајлд карти  што ги добија  Нант,Мешков Брест, Пик Сегед, Елверум, Целје и Мотор.Македонскиот вице првак Еурофарм Пелистер е помеѓу осумтте екипи кои се одбиени.Во случај на откажување  на некој од  потврдените учесници,Висла и Динамо Букурешт се одредени за замени.Изборот за вајлд картите е образложен  од  ЕХФ по неколку критериуми; спортскиот објект, ТВ-преноси, гледачи, како и резултати од натпреварувањата во Европските купови.Инаку 28 издание на ЛШ ќе се игра во нов формат.16 екипи ќе бидат поделени во две групи.Најдобрите две екипи ќе играат директно во четвфинале,во осминафиналето ќе се најдат тие што ќе се пласираат од 3 до 6 место во групната фаза.Најдобрите 4 по традиција влегуваат на Фајнл фор турнирот.

И ЖРК КУМАНОВО НЕ ДОБИ ВАЈЛД КАРТА

Покрај Еурофарм Пелистер и ЖРК Куманово  не го исполни критериумот на ЕХФ за добивања место во ЛШ за следната сезона.Актуелниот  домашен вице првак со оглед на тоа што првенството  за 2019/2020 е прекинато  исто како и во машка конкуренција,аплицираше на место на ЖРК Металург кој се откажа од настап во елитата.ЕХФ им додели вајлд карти на ЧСМ Букурешт, ФТЦ, ЦСКА, Брест,Крим, Битенгхајм и на Подравка.

Претходно беа потврдени  9. екипи  носители на лигата како Ѓер, Ростов, Мец, Будуќност, Есбјерг, Одензе, Борусија Дортмунд, Кристијансанд и  Рамницу Валчеа.

 

Објавено на
© 2024 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ