Приведени советници и солзавец во општинската зграда во Будва
Повторно инциденти во општинската зграда во Будва, Црна Гора, пренесуваат тамошните медиуми. Советниците од Демократскиот фронт и СНП влегле на седницата закажана од новото мнозинство и покрај обвидите на обезбедувањето да го спречат упадот.
Во инцидентот приведени се петмина советници – Крсто Раџеновиќ (СНП), Јанко Димиќ, Дејан Божовиќ, Наташа Митровиќ и Џорџе Вујовиќ од Демократски фронт.
Јанко Димиќ претходно рекол дека е фрлен солзавец и дека советниците се избркани надвор.
Пропадна и овој обид Собранието на Општина Будва да избере ново раководство.
Изминатите денови во Будва имаше повеќе инциденти и судири меѓу полицијата и граѓаните, како и приврзаници на власта предводени од градоначалникот Марко Царевиќ и претседателот на локалниот парламент Крсто Радовиќ..