„Space X“ успешно ги лансираше астронаутите на НАСА во орбитата

Ракетата „Space X“ , со двајца астронаути на НАСА, беше успешно лансирана во вселената.

Лансирањето е изведено во планираниот термин во 21.22 по средноевропско време. Американските астронаути Роберт Бенкен и Даглас Харли веќе се на пат кон Меѓународната свемирска граница. Ги чека пат од 19 часа. За тоа време ќе ги тестираат системите во капсулата, а дел од патот ќе го отспијат.

Инаку, временските услови, часипол до пред планираното лансирање, не одеше во прилог на астронаутите. Ова е заедничка мисија во која НАСА за првпат користи приватно вселенско летало, Спајс ек, компанија во сопствеништво на Елон Маск.

Астронаутите требаа да бидат лансирани во орбитата во средата на 27 мај, но лансирањето беше одложено поради лошите временски  услови во „Свемисрскиот ценатр Кенеди“, на Флорида.

 

Објавено на
© 2024 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ