Паднаа „главите“ на Колумбо и Дејвис во САД

Паднаа „главите“ на Кристофер Колумбо и Џеферсон Дејвис во САД. Статуите на човекот кој го откри новиот континет и на некогашниот  претседател на Конфедеративните Американски Држави се урнати за време на протестите против расизмот и полициската бруталност во Минесота, Вирџинија и Масачусетс.

За демонстрантите статуите се симбол на колонизаторските и робовладетелски времиња.

Статуа на Колумбо беше вандализирана во центарот на Мајами, а друга беше отстранета и фрлена во езеро во Ричмонд, Вирџинија, а споменикот во Бостон, кој стои во срцето на градот, беше обезглавен.

Демонстрантите со помош на јажиња ја урнаа бронзената статуа на Колумбо во градот Сент Пол во Минесота. За нив тој е симбол на геноцид врз Индијанците. Уривањето на статуата беше прославено со индијански танц.

За разлика од изминатите протести кога полицијата често ги пречекоруваше своите ингеренции овде патролни војници стоеја на оддалеченост, без да ги запрат демонстрантите.

Академската јавност е на ставот дека промените веќе се случуваат На соединетите држави им е потребна од широка полициска реформа по полициската бруталност за време на антирасните демонстрации по смртта на Џорџ Флојд.

  • Мислам дека во САД се случува пресвртница. Ниту едни други протести кои сум ги видел луѓето не зборувале дека мораме да ја „одбраниме“ полицијата. Мораме да ги земеме парите од полицијата и да ги ставиме во програмите за млади, образование, програми за помирување во заедницата. Тие сакаат да си имаат работа со опасни криминалци, а не со обични граѓаните кои правата сообраќајни прекршоци или пијат на улица или погрешно преминуваат улица. Значи гледам дека доаѓаат промени. Веќе се случуваат. Ќе се случат многу повеќе во следните пет години, вели Марк Нејсон, професор на афроамерикански студии на Форхам.

Американскиот претседател Трамп ја повтори заканата дека ќе преземе акција на сојузно ниво против локалните демонстранти кои го заземаат јавниот простор. Тој побара од градоначалникот Сијетл да го преземе градот од демонстрантите, кои ги нарече антихристи и домашни терористи. На што градоналничката Дуркан од редовите на Демократите, на Твитер возврати дека Трамп би можел да се врати на сигурно во својот бункер во Белата куќа.

Билјана Ставрова

Објавено на
© 2024 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ