Короната ги затвори џамиите во Кичево

По два дена без нов корона пациент, црвеното светло во Кичево од денеска се вклучи меѓу верниците. Оџа во џамија во Кичево е позитивен на корона вирусот и заминува во самоизолација. Кичевското муфтивство одлучи да стави клуч на 8 џамии во градот Кичево и во околните населени места, а на верниците им порача да останат воздржани и да ги избегнуваат религиозните објекти. Забраната доаѓа денеска, а ќе трае најрано до крајот на неделата.

Дали оџата ја ширел короната без да знае ќе покаже неговата епидемиолошка анкета и тестирањата на лицата со кои тој бил во контакт.

Стравот меѓу верниците и исламските челници доаѓа откако пендемијата во Кичево се рашири за само неколку дена а црната статистика сега брои 30 заразени. Загрижувачки е што 25 граѓани сеуште се водат како активни случаи и се борат со болеста Ковид-19. Препораките на исламското раководство во Кичево е верниците да не прибегнуваат кон останатите џамии во околните градови додека не се смири ширењето на заразата.

Откако исламската верска заедница претрепе реформи во највисокото раководство со смената на Реисот, најави дека на короната наместо со паушлани изјави ќе и се спротистви со мерките и препораките на здравствените власти.

ИВЗ ги отвори капиите на веските објекти на 12-ти мај и оттогаш на сила се препораките да се држи дистанца и да се носат маски при извршување на верски обред. Токму, празничните обреди според епидемилозиите се причината за зголемениот број случаи кои во изминатиот период се водат под терминот „втор бран“ на пандемијата.

Павле Беловски

Објавено на
© 2024 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ