ЖРК ВАРДАР ГО НАДИГРА БУДУЌНОСТ

Женскиот состав на Вардар напредува во голем стил кон завршниот сегмент на елитната ЛШ.Во меч најавуван како балканско дерби,Вардарки ја покажаа својата класа.Супериорно со 31-24,македонските првенки го нанижаа деветтиот триумф по ред и трет од главната фаза.
Гостинките од Црна Гора беа во подредена улога уште во првото полувреме.Црвено-црните постојано ја надградува предноста и на полувремето го испратија Будуќност со 19-8.Највисоките плус 12 голови , ЖРК ги имаше на стартот од вториот дел,20-8 и потоа 21-9 за рутински финиш против поранешниот европски првак.Пенезиќ со 8 голови го предводеше нападот на Вардар.Лејно со 15 одбрани беше најекспонирана во дефанзивната постава.ЖРК Вардар со 14 бодови стои цврсто на врвот од групата 2, и во следното коло на 25 февруари гостува во Франција кај Мец.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ