
Жрепка за ЕП во ракомет, директен пренос на Телма од 18:45 часот
Денеска во Виена со жрепка ќе бидат одредени групите за првата фаза од Европското првенство во ракомет во машка конкуренција што следната година ќе се одржи во Австрија, Норвешка и Шведска. Директниот пренос ќе можете да го следите на програмата на Телма и почнува од 18 часот и 45 минути.
Откако успешно ги завршија квалификациите и во групата го освоија првото место, македонските ракометари во пресрет на денешната жрепка се наоѓаат во вториот квалитативен сад заедно со селекциите на Норвешка, Словенија, Германија, Унгарија, Белорусија.
САД 1: Шпанија, Шведска, Франција, Данска, Хрватска, Чешка
САД 2: МАКЕДОНИЈА, Норвешка, Словенија, Германија, Унгарија, Белорусија
САД 3: Австрија, Исланд, Црна Гора, Португалија, Швајцарија, Летонија
САД 4: Полска, Русија, Србија, Украина, Босна и Херцеговина, Холандија
Уште пред почетокот на жрепката се знае дека не можеме да бидеме дел од Ц и Д групата. Германија веќе е сместена во Ц конкуренцијата што се игра во Трондхајм додека во Д групата Норвешка исто така ќе настапи во овој град.
Данска како носител е дел од Е групата што се игра во Малме, а во Д конкуренцијата во Гетеборг ќе се натпреварува Шведска.
Хрватска исто така е носител и таа е дел од А групата што се игра во Виена, а во Грац во Б конкуренцијата ќе настапува домаќинот Австрија.
Европскиот шампионат за прв пат ќе се игра во нов формат каде 24 селекции ќе бидат поделени во шест групи, а двете првопласирани од секоја ќе го продолжат натпреварувањето.
Континенталното првенство се игра од 10 до 26 јануари и ќе можете да го следите низ директни преноси на Телма.