
ЖДРЕПКАТА В СРЕДА,ВАРДАР ПРОТИВ ФРАНЦУСКОТО ТРИО ВО КЕЛН
Салата Јане Сандански на ревашот донесе ново мега дерби,прв домашен пораз на Вардар после 15 месеци,27-28 но и севкупна победа над Кил германскиот и европски гигант.Вардар е првиот европски шампион во последните 4 сезони кој успеал да влезе на Ф4 со можност да ја брани титулата и тоа во година кога за прв пат во историјата на Лигата се најдоа три француски тима,ПСЖ,Монпеље и Нант.Перјаницата на француското првенство ,ПСЖ е најсилниот состав и најнепосакуван противник за полуфиналето.Тим кој лани во финалето беше поразен од Вардар со 24-23 ,трета сезона по ред е на Ф4 но се уште го нема освоено најпосакуваниот трофеј.Монпеље може да се пофали со титула од сезоната 2002/2003,а дебитант во елитата е Нант на Кире Лазаров.Македонскиот интернационалец по шести пат во кариерата ќе заигра во Келн и тоа со четвртиот клуб,после Веспрем,Атлетико и Барселона. Нант го елиминираше Скејрн во четвртфиналето,Монпење беше подобар од Фленсбург а ПСЖ на убедлив начин се справи со Кјелце .Ждрепката за полуфиналените двојки ќе се одржи во среда .Ф4 во Келн ќе се игра на 26 и 27 мај.