ЗАВРШИЈА ЗОИ ВО ПЈОНГЧАНГ,НОРВЕШКА Е НАЈУСПЕШНА СО 39 МЕДАЛИ

Спортистите на Норвешка освоија најголем број на медали на 23. ЗОИ.Денеска во Пјонгчанг беа поделени последните признанија како вовед во свечената церемонија на затварањето на Игрите.Норвежаните освоија рекордни 39 медали ,два повеќе од америкаците во Ванкувер.Најуспешната нација има по 14 златни и сребрени медали зачинети 11 бронзени трофеи. Германија заврши на 2.место со 14 први места и 31 медал ,пред Канада со 29 медали од кои 11 златни.Последниот ден од Олимпијадата во Јужна Кореа мина во знакот на женската крос кантри трка на 30 километри класично и финалето во хокеј. Норвежанката Марит Бјорген доминираше на скијачкиот маратон со супериорен финиш пред Криста Пармакоски од Финска која заостана 1.49 зад освојувачката на 5 медали во Пјонгчанг.Третото место и припадна на швеѓанката Стина Нилсон.Во драматичното финале на машкиот хокеарски турнир,Русија ја победи Германија со 4-3 после продолжение.Германскиот тим кој за прв пат на ЗОИ се бореше за златен медал имаше предност од 3-2 во последниот трет период. Гусев погоди за продолжение во кое Капризов реализираше за финални 4-3 и го донесе на Русија деветтиот златен медал во хокеј но и прв после Арбертвил од 1992 година.Во боб четворосед доминираа германците чии тимови ги освои првите две места.Бронзата заврши кај екипажот на Јужна Коре.Во женското карлинг финале ,Шведска со 8-3 ја порази Јужна Кореа.Наредните, 24. ЗОИ ќе се одржат 2022 година во Пекинг.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ