
ЗАВРШИ СП ВО РУСИЈА,СЛЕДНА ДЕСТИНАЦИЈА КАТАР
После еден месец,одиграни 64 натпревари ,синоќа во Москва заврши 21-то СП во фудбал.Од 32 селекции учеснички,до завршницата стигнаа Франција и Хрватска а Триколорите во еден од најефикасните мундијалски финални натпревари со 4-2 ја поразија Хрватска.
Втората фудбалска круна,французите ја прославија низ целата земја со навивачки епицентар во Париз.Во еуфоријата имаше нереди и две жртви како што пренесуваат агенциите. После 1998 Франција се врати на фудбалскиот трон. Дидие Дешамп,предводникот на Триколорите е третиот селектор после Загало и Бекенбауер кој освоил СП-во и како играч.Членот и на првата златна француска генерација изјави:
Неверојатно ,оваа генерација заслужи.Знаевме дека ќе има голема битка и сосема заслужено може да се наречеме Светски прваци,Ја научивме лекцијата од пред две години.
Слави и Хрватска горда на своите фудбалери кои немаа среќа на Лужники во Москва.Селекторот Златко Далиќ истакна дека култот на селекција е вратен.
Игравме добро,контролиравме во првите 20-ти на минути и тогаш од сомнителен прекршок примивме автогол.Брзо изедначивме но во екот на нашата сила се случи тој корнер и пенал после кој беше тешко да се вратиме.
Финалето понуди 6 погодоци,еден автогол,употреба на Вар технологија и пенал. Маџукиќ регираше несреќно по Хратска во 18 минута за предност на Франција.Коцкестите одговорија брзо и ефектно во 28-та преку Перишиќ. Франција доби пенал кој во финишот на првото полувреме го реализираше Гризман за 2-1.Перформансите на Погба и Мбапе во 59 и 65 минута ја доближија Франција до втората фудбалска круна а грешката на голманот Лорис што ја искористи Манџукиќ во 69.минута немаше поголемо влијание во финишот.
Лука Модриќ е прогласен за најдобар фудбалер на шампионот.Мбапе после Пеле е најмладиот стрелец во финале на мудијалите.Најефикасен на турнирот е напаѓачот на полуфиналистот Англија Хари Кејн со 6 голови. Тибо Куртоа од бронзената Белгија е најдобриот голман.Дали во Катар ќе продолжи доминацијата на Европските селекции кои владеат во светскиот фудбал од 2006 , ќе биде познато по 4 години и веројатно потрошени многу повеќе од 14 милијарди долари колку што ја чинеше Русија беспрекорната организација на шампионатот.