
Заврши љубовта помеѓу Раниери и Фулам по само три месеци
Клаудио Раниери заработи отказ по само три месеци на клупата на Фулам. Италијанецот ќе му ја препушти позицијата на Скот Паркер, кој привремено ќе биде менаџер на тимот од „Крејвен Котиџ“.
Фулам вчера загуби со 2-0 на гостувањето кај Саутемптон и моментално се наоѓа на претпоследното 19-то место во Премиерлигата.
На десет натпревари од крајот на сезоната, Фулам има десет бодови помалку од последниот тим во сигурната зона. Раниери успеа да победи со Фулам на само три натпревари од вкупно 17 и притоа доживеа дури 11 порази.