
Затворена текстилна фабрика во Прилеп заради една работничка позитивна на Ковид-19, 200 работници во домашна изолација
Цела фабрика за текстилна конфекција во Прилеп е затворена, а сите вработени се во двонеделна изолација, откако е потврдено дека една работничка е позитивна на КОВИД-19. Од Ценатарот за јавно здравје не соопштија колку вработени се во домашна изолација, но велат дека се следи нивната здравствената состојба. Неофицијално станува збор за фабрика со околу 200 работници.
Станува збор за жена на 59 години вработена во една текстилна фабрика во нашиот град. Фабриката е одма затворена и сите вработени се ставени во самоизлоација. Немам точна информација колкав е бројот на вработени, рече Драгица Николоска, директор на Центарот за јавно здравје-Прилеп
Денес во Прилеп се регистрирани двајца новозаболени, со што вкупниот број се искачи на 12 лица. За последните 4 случаи нема потврда дека се поврзани со првите заблени во овој град.
Во моментот чекаме брисови уште за 5 пациенти за кои немаме никаква информација. Секојдневно од 10 до 20 брисовие се пуштаат во институто за јавно здравје во Скопје, вели Николоска
На Инфективното одделение во прилепската болница нема ниту еден пациент, затоа што тројцата кои се лекувале таму се префрлени во Скопје, поради влошување на сосотојбата.
– Сите тројца пациенти беа возрасни луѓе, над 65 годишна возраст со срцеви и белодробни хронични проблеми, рече Драги Богојески, директор на Општа болница Прилеп
Согласно насоките на Министерството за здравство, во Прилеп ќе бидат отворени два пункта за тестирање од корона вирус.