Законот за обвинителство доби европско знаменце

Владата го испрати Предлог-законот за јавното обвинителство во Собранието додавајќи му европско знаменце.

Предлогот што го подготвува  ВМРО ДПМНЕ се уште не е готов.

Првата забелешка што ја искажа опозицијата е опцијата обвинителката Вилма Русковска да раководи со Обвинителството за организиран криминал и висока корупција, во кое треба да влезе и СЈО.

Заев потенцира дека овој законски текст го апсорбира барањето на ВМРО ДПМНЕ и СЈО да биде дел од обвинителскиот систем. Со тоа, отфрла можност лидерите на партиите да се договараат за имињата на јавните обвинители.Од ВМРО ДПМНЕ се сомневаат во искреноста на Владата.

Најавуваат дека наредните денови ќе ги соопштат нивните забелешки на текстот предложен од Владата или сосема нов текст на закон.

И другите партии во Собранието се воздржани. Спикерот Талат Џафери најави дека ќе го стави на дневен ред во понеделник и објаснува дека доколку партиските ставови се усогласени, законот може да се донесе до крајот на август.

Европското знаменце ќе ја одведе расправата во Комисијата за европски прашања, но за ваков системски закон е неопходно дво-третинско мнозинство.

Соња Николовска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ