
Заев: Северна Македонија не бара членство веднаш, но бара почеток на преговори со ЕУ
Премиерот Зоран Заев верува дека оваа година Македонија ќе добие датум за почеток на преговорите. Тој ова го кажа во Австрија, каде учествуваше на форумот Европа, каде се сретна и со комесарот за проширување Јоханес Хан. Заев му кажал на хан дека добивањето датум е многу важно, бидејќи ќе биде дополнителна мотивација, државата да продолжи со спроведување на реформите со забрзано темпо. На форумот, Заев рече дека 15 години земјата е кандидат за членство во унијата, и дека е време да го премине прагот. Еве што одговори Заев на прашањето што им кажува на земјите-членки, кои имаат резерви кон проширувањето, како Данска и Холандија.