
За едно деноноќие преку 100 активни жаришта во Пелагонија
Стотина пожари од запалени стрништа беснаат синоќа низ Пелагонија откако падна мрак.
Пламени јазици неконтролирано се ширеа низ пелагониските ниви, а противпожарната единица интервенирала на десетина најкритични локации со вкупно десет екипи.
Пожарникарите велат дека не паметат вакво масовно палење и самоволие на земјодлеците.
-Очигледно, мотивот на земјодлеците беше најверојтано највата дека доѓаат дождови па палат масовно, па ова е невидено нешто. Применуваат нова тактика, досега ги палеа дење, сега палат ноќе. И да сака ТППЕ на такви терени не можеме да делуваме, рече Костадин Поповски, командир на ТППЕ-Битола.
Во пожарот гореа магацини на ЗК Пелагонија, а порди густиот чад отежнат беше и сообраќјот на патниот правец Битола-Прилеп. Пламените јазиси ја зафатија и железничката пруга, па три часа имаше застој на возот кој сообраќаше од Скопје кон Битола.
-Кај Новоселани беше запалена железничката пруга, а сообааќајот беше прекинат додека не ги изгаснат дрвените прагови на пругата. Не знаевме до која мера се опожарени па имаше дополнителна опасност, рече Поповски.
Од општина Битола велат дека побарале засилени инспекциски контроли, а засега казни има само за обиди на потпалување отпад кај обиколницта над Битола.
-Сепак мора да се работи на подигнување на свеста кај граѓаните. Но свеста се подигнува и со онаа мерка што значи инспециски увиди. Она што го имам побарано соодевтните инспекциски служби да делуваат, рече Наташа Петровска, градоначалник на Битола.
Од битолската полиција велат дека во последните денови најчесто имаат пријави за запелни стрништа, а СВР Битола презема мерки за прибирање информации и сознанија за откривање на можните сторители.
Емилија Мисирлиевски