
Вујовиќ: Ако тие прават циркус од ракометот, зошто да не им се приклучам?!
Селекторот на Словенија, Веселин Вујовиќ, по мечот со Германија им беше бесен на судиите и на новата технологија, па објасни и зошто влезе во теренот за да го брани пеналот на Германците.
„Сакав да направам шоу, ако тие веќе прават циркус. Не знам што се случи, не ги знам правилата. Честитки до Германија за ремито, многу среќа во иднина. Зошто видео-технологијата ја користеа на крајот, а не при измислениот пенал над Генсхајмер за што измислено исклучување доби Кавтичник, а потоа и нашата клупа. Застанав на голот за да покажам дека направија хаос, дека направија спортот да е смешен бидејќи го водат дебили, изјави Вујовиќ на прес-конференцијата“.