ВТОРОЛИГАШИТЕ СО АПЕЛ ЗА ФИНАНСИСКА ПОМОШ
Домашните второлигаши испратија барање за финансиска помош до Владата во услови на кризната состојба.
Второлигашите бараат подеднаква финанска помош за сите клубови и се откажуваат од ваучерите.
’’Во овој момент се соочуваме со ситуација да не може да ги реализираме ваучерите, ниту да добиеме спонзорства од компаниите, а трошоците останаа исти, се однесуваат на личен доход за многу малку лица и хонорари, како единствен начин за финансирање на фудбалерите и останатите лица ангажирани во клубовите“ стои во дел од соопштението.
На иницијативата се потпишани десетте клубови од Втората лига – Исток, како и седум од Втората лига – Запад.