ВТОР ТРИУМФ НА ОДБОЈКАРИТЕ НА ЕП
Македонскиот соства ја изненади фаворизираната Словенија,кандидат за медал на шампионот што се одржува во Љубљана,Франција,Белгија и во Холандија.Пресметката во групата Ц во Арена Стожице, нашиот состав ја отвори со освојување на првиот сет , 26-24.Вториот, тргна во подобра насока за Словенија.Домашните одбојкари имаа водтвсо од 21-17,но со извонредна игра нашиот тим направи пресврт и после 7 сет топки го затвори вториот сет со 30-28.Во третиот, Словенија влезе во ритам после 15-15 и намали на 2-1 со 25-19.Во четвртиот сет домашните беа на поен до 2-2 но со феноменална серија,негативата од 21-24,нашиот состав ја претвори во 26-24 фрлајки ги во очај словенците кои ќе остана втори во групата независно од исходот од утрешното дерби со Русија. Ова е втора победа за македонскиот национален тим на ЕП,предводен од селекторот Никола Маитјашевиќ и за поволна разврска кон осминафинале потребни се добри вести и од преостанатите натпревари во групата.Ѓорѓиев беше играч на мечот со 24 поени,Љафтов реализираше 17, Милев 15 поени .