Вонредно собрание на ФФМ во декември

На денешната седница на Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија донесена е одлука за одржување на вонредно генерално собрание на кое ќе се вршат измени и дополнувања на статутот. Собранието е закажано за деветти декември и ќе се одржи во Охрид.

Управниот одбор на ФФМ донесе одлука манифестацијата за избор на најдобри во македонскиот фудбал, “Најдобри во македонскиот фудбал” за натпреварувачката сезона 2017/2018 да се одржи на 21. декември 2018 година.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ