
Волф ја запре Холандската репрезентација
Европски шампион од 2016-тата година, Германија имаше лош почеток, но на крајот успеа да обезбеди убедлива победа против дебитантот на елитните натпреварувања, репрезентацијата на Холандија и покрај црвениот картон за капитенот на германската репрезентација, Уве Генсхајмер.
Во својот прв натпревар на Европското првенство, Холандија храбро се бореше и одржуваше мала разлика против Германија речиси 45 минути, но на крајот Германија извојува победа до двоцифрена разлика.
Германците започнаа фуриозно и бодрени од своите подржувачи беа доминантни во првите 15 минути, стигнувајќи до водство 10 – 4. Но еден досуден пенал, го промени текот на натпреварот.
Капитенот на германската репрезентација, Уве Генсхајмер го удри холандскиот голман, Берт Равенсберген во лицето и доби директен црвен картон во 16-тата минута.
Европските шампиони од пред 4 години го изгубија трпението и самодовербата , додека Холанѓаните започнаа да играат се подобро. Во овој дел од натпреварот, десниот бек на холандската репрезентација Кеј Смитс постигна 6 од своите 7 голови.
На полувремето германците имаа предност од 15-13 а по паузата добро играше и холандскиот плејмејкер Лук Стајнс, кој постигна 6 голови.
Сепак, клучната разлика ја направи херојот на европско првенство од 2016-тата, голманот на германската репрезентација, Андреас Волф, кој имаше 12 успешни одбрани и го отвори патот на Германија кон победата.
Серијата од 7 голови без одговор ги донесе германците до предност од 29:19 и им стави крај на надежите на Холанѓаните за сензација.
Конечниот резултат на натпреварот беше 34:23 за Германија.