
ВОЛЕЈОТ НА РАКИТИЌ ИЗБРАН ЗА НАЈУБАВ ГОЛ ВО ГРУПНАТА ФАЗА
УЕФА ги објави резултатите за најубав гол од првата фаза во Лигата на шампиони.Победник во гласањето е Иван Ракитиќ од Барселона. Хрватскиот интернационалец ефектно ја погоди мрежата на Тотенхем во триумфот на Каталонците од 2-4 во Лондон на 3. октомври.Барселона заврши на 1.место во групата ,без ниту еден пораз и во осминафиналето на 19 февруари ќе го игра првиот натпревар од двомечот со Олимпик Лион.