
Во среда продложува јавната седница во Апелација за жалбата на Груевски
Во среда продложува јавната седница во Апелација за жалбата на експремиерот Груевски за 2 годишната казна и на Гоко Поповски за 6 и пол годината казна во случајот Тенк со блиндираниот мерцедес. Планирано е судијата известител да ги претстави писмените жалби на одбраната но се остава можност и на обвинетите и адвокатите лично да им се обратат на судиите со своите забелешки. По ова сите петмина судии можат истиот ден или некој друг ден да се советуваат и да гласаат. Од тоа каква одлука ќе донесат Апелација зависи и дали ке ги прифати приговорите на одбраната зависи и дали е застарено делото против груевски или пак застарува во втората половина крајот на октомври.
Апелација може да ја укине пресудата и да ја врати на повторно судење, да ја промени или да ја потврди и ке се прозинесе во однос на приговорите за застареност.
Според обвинението дејствијата во Тенк за набавката на мерцедесот се случувале во периодот од февруари 2012 г. до крајот на октомври 2012. Делото за кое се гони експремиерот примање награда за протви закониото влијание а асполутната застареност настапува по 6 години.
Различна правни гледишта има зза тоа кога настпаува застарност дали во февруари или во октомври 2018.
Тезата на одбраната е дека гонењето е застарено уште во февруари. Велат дека експремиерот според тврдењето на сјо делото го сторил во февруари 2012 со телефонскиот разговор со Јанкуловска за набавката на блиндирано возило и дека застарнеоста треба да се смета од тој датум.
Спротивстаевеите ставови се пак застареноста за гонење ќе се случи во втората половина на октомври кога завршуваат дејствијата во обвиненеито за помалку од два месеца.
Неофицијално од сјо пак сметаат дека не само што до застареност се уште не е дојдено туку се надеваат дека тоа нема да се случи.
Вчерашнта јавна седница беше закажана во 9 ипол утрото но откако адвокатите на Груевски не се појавија поради други судења судиите решија да се држи седницата и без нив но по серијата барања за изземања на судии почна дури доцна попладнето со читање на првостепената пресуда и заврши околу 20 часот. Одбраната во Тенк не открива дали и на наредната седница ќе бараат и други изземања.
Елена Ивановска Муковска