
ВЛХОВА ЈА ПРЕКИНА ДОМИНАЦИЈАТА НА ШИФРИН,ПАРИС СЛАВЕШЕ ВО БОРМИО
Петра Влхова ја прекина доминација на Микаела Ширфин во трките од СЛ во алспко скијање.Скијачката од Словачка беше најдобра на денешниот велеслалом во австриски Земеринг.Влхова го освои првиот триумф во кариерата од натпреварите во велеслалом со предност од 45 стотинки пред Викторија Ребензбург од Германија.Третото место го освои французинката Теса Ворли.Фаворитката Шифрин беше најбра во првото возење,но имаше проблеми во втората трка и заврши на 5.место.Американката останува водечка во генералниот пласман со 446 бодови пред Влхова.После 4-от велеслалом,водечка во дицсиплината е Федерика Брињоне.Италијанката има 5 бода повеќе од Теса Ворли.
Во машка конкуренција денеска во италијанскиот зимски центар Бормио се одржа четвртиот спуст од сезоната.На фамозната патека Стелвио ,најдобри беа домашните скијачи.Победи Доминик Парис пред Кристоф Инерхофер.Разликата помеѓу италијанците изнесуваше 36 стотинки.За место на пиедесталот се избори Беат Фојц.Швајцарецот заостана 52 стотинки зад Парис.Фојц ја задржа предност во спуст и има 38 бодови повеќе од австриецот Макс Франц кој е втор и во генералниот пласман со минус од 257 бода зад сонародникот Марсел Хиршер.