Владата вети голема финансиска помош за македонската одбојка

По историскиот успех и пласманот на Европското првенство, што ќе се одржи оваа есен, Одбојкарскатa федерација на македонија беше на прием во владата. Премиерот Зоран Заев вети досега најголема финансиска помош за македонската одбојка .

Овој спорт во нашата држава со години беше запоставуван како од институциите, така и од спонзорите, но со пласманот на Европското првенство успеа да се избори за голема подршка.

Одбојкарите изминатите години мака мачеа да одат на патувања низ цела европа со автобус за да ја претставуваат Македонија, но се чини дека доаѓаат подобри денови. Премиерот Зоран Заев освен што им честиташе на челниците на Одбојкарската федерација за пласманот на континенталниот турнир, најави дека овој спорт ќе добие значителна финансиска помош.

На средбата се разговарало и за можноста федерацијата да добие своја спортска сала, која ќе биде дом на одбојкарите. Место каде ќе се одржуваат тренинзи и ќе се развива овој спорт.

Европското првенство ќе се одржи од 13 до 29 септември оваа година, а Македонија своите натпревари ќе ги игра во групата во Љубљана, со домаќинот Словенија, потоа Русија, Белорусија, Финска и Турција.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ