
Владата со поддршка за нулта толеранција за насилство врз жените
Владата на Република Македонија цврсто стои зад заложбата за нулта толеранција спрема секоја форма на насилство врз жените и девојките, напуша вечерва премиерот Заев на својот ФБ профил.
Тој заедно со министрите о дел од дипломатскиот кор во земјава се фотографираше пред зградата на владата која беше осветлена во розова боја.
- Неодамна ја ратификувавме Истанбулската Конвенција на Советот на Европа за спречување и борба против насилството врз жените и домашното насилство, а минатиот месец го усвоивме Акцискиот план 2018-2020 за спроведување на конвенцијата. Насилството врз жените не е само женско прашање, туку прашање кое се однесува на секој еден од нас. Токму затоа мора да работиме заеднички да ставиме крај на истото, напиша Заев.