Вестбрук за историја, дербито на Западот за Голден Стејт

Во дуелот на водечките екипи на Западот, Голден Стејт го совлада Денвер, Оклахома славеше над Лос Алџелес Лејкерс, а Расел Вестбрук влезе во историјата на НБА лигата.

Оклахома триумфираше во мечот против Лос Анџелес Лејкерс со 119:103, а Вестбрук имаше учинок од 20 поени, 21 асистенција и 20 скока и стана само втор играч во историјата по Вилт Чембрлен кој забележал вакво достигнување. Џерами Грант беше стрелец на 22 поени, а Пол Џорџ постигна 19. Во поразениот тим Кентавиус Калдвел Поуп имаше 23 поени и пет скока, а Алекс Карузо додаде 15 поени и седум додавања.

Дербито на Западот му припадна на Голден Стејт по победата од 116:102 во дуелот против Денвер. ДеМаркус Казнс мечот го заврши со 28 поени и 12 освоени топки под обрачите, Кевин Дурент постигна 21, а Стеф Кари 17 поени. На спротивната страна најефикасен со 17 поени беше Џамал Мареј.

Во останатите натпревари Сан Антонио – Атланта 117:111 и Сакраменто – Хјустон 105:130.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ