Венус подобра од Серена во 3.коло на Индијан Велс

Венус Вилијамс го скрати кам-бекот на тениските терени на нејзината сестра Серена, откако ја совлада во третата рунда на мастерсот во Индијан Велс.

Постарата сестра Вилијамс славеше со 2-0 по сетови 6:3 и 6:4. По повеќе од една година пауза, Серена покажа дека е во солидна форма, но не е на највисокото ниво со кое дојде до 23 грен слем титули. Очигледно ќе и биде потребно повеќе време за вистински кам-бек. Во четвртото коло мина и Каролин Вожацки, како и Аџелик Кербер и карла Суарез- Наваро.

На машкиот дел од Индијан Велс, Роџер Федерер немаше милост кон Филип Крајновиќ и го победи за само еден час игра или 6:2 и 6:1 по сетови. Доминик Тим го предаде мечот против Пабло Куевас во треиот решавачки сет, елиминација доживеа Томаш Бердих од тинејџерската сензација од Австралија Опен, Хијеон Чунг.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ