
Вение најбрза на спустот во Гармиш
Австријката Стефани Вение е победничка на спустот што се возеше на патеката во Гармиш Партен Кирхен и за прв пат триумфираше на една трка од Светскиот куп.
Таа на целта пристигна со време од 1 минута 37 секунди и 46 стотинки и за 25 стоти дела беше побрза од Софија Гоџа од Италија додека трета е Кира Вајдле од Германија.
Во редоследот за супер велеслалом води Никол Шмидхофер од Австрија со 364 бода пред Рамона Зибенхофер со 346 додека трета е Илка Штухец со 343.
Во генералниот пласман на чело со 1494 бода е Микаела Шифрин, втора со 898 е Петра Влхова, а на третата позиција со 637 се наоѓа Венди Холденер.