Венгер најсериозен кандидат за тренер на Баерн

По серијата лоши резултати во Бундес лигата, раководството на минхенски Баерн сериозно размислува за смена на тренерот Нико Ковач, а германските медиуми веќе почнаа со лицитирање на имињата кои се вбројуваат меѓу потенцијалните кандидати за нов шеф на струката.

Прв на листата е поранешниот менаџер на Арсенал, Арсен Венгер, кој по заминувањето од Лондон во моментов е без ангажман, а во конкуренција се уште Зинедин Зидан и Мирослав Клосе.

Бранителот на трофејот во Германија во моментов е на петтото место на табелата со девет бода помалку од лидерот Борусија Дортмунд, а во последниве три кола Баварците забележаа еден пораз и два нерешени резултати.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ