Велковски ново име на списокот на Ангеловски

Селекторот на македонската фудбалска репрезентација Игор Ангеловски го соопшти списокот на играчи кои ќе бидат во комбинација за последните два натпревари во Лигата на нации.

За мечевите со Лихтенштајн и Гибралтар, Ангеловски повика 21 фудбалер, а ново име во тимот е Дарко Велковски, кој по подолга пауза повторно е дел од репрезентацијата.

Како што најави предводникот на националниот тим направена е и ротација на голманската позиција и наместо Давид Митов Нилсон во составот е Дејан Илиев.

Ангеловски на претстојните два натпревари нема да може да смета на повредениот Стефан Ристовски додека поради суспензија на дуелот со Лихтенштајн немаат право на настап Елиф Елмас и Езџан Алиоски.

Натпреварот против Лихтенштајн го играме на 16 ноември во Вадуз додека три дена подоцна во Скопје го пречекуваме Гибралтар.

 

СПИСОК НА ФУДБАЛЕРИ:

Голмани: Столе Димитриевски (Рајо Ваљекано), Дамјан Шишковски (Лахти), Дејан Илиев (Арсенал)

Одбрана: Висар Муслиу (Шкендија), Егзон Бејтулаи (Шкендија), Кире Ристевски (Ујпешт), Мите Цикарски (Јанина), Кристијан Тошевски (Вардар), Ѓоко Зајков (Шарлроа)

Среден ред: Аријан Адеми (Динамо Загреб), Енис Барди (Леванте), Стефан Спировски (Ференцварош), Бобан Николов (МОЛ Види), Езџан Алиоски (Лидс Јунајтед), Ферхан Хасани (Ал Раед), Елиф Елмас (Фенербахче)

Напад: Горан Пандев (Џенова), Илија Несторовски (Палермо), Александар Трајковски (Палермо), Иван Тричковски (АЕК Ларнака), Крсте Велковски (Сараево)

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ