
Вељаноски пред пратениците кои треба да одлучуваат за неговиот имунитет
Во собраниската комисија за мандатно-имунитетни прашања се води дебата за одземање на имунитетот на пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ и поранешен претседател на Собранието, Трајко Вељаноски, кој е осомничен од обвинителството како еден од петте организатори за упадот во Собранието на 27 април.
И тој е присутен на дебатата и им се обрати на пратениците кои треба да одлучуваат за неговиот имунитет.