ВЕЧЕРВА ОД 21.30 ВО ЖИВО БОКС НА ТЕЛМА, УСИК ГИ БРАНИ ТИТУЛИТЕ ОД БЕЛЈУ
По втор пат во боксерската историја ќе се одвива меч за апсолутен шампион во полутешка категорија.Украинскиот перфекционист Александар Усик ги брани титулите во ВБА,ВБЦ,ИБФ и ВБО верзиите од предизвикувачот Тони Белју.Кон златните медали од аматерскиот ринг,светскиот и олимписки шампион ги додаде насловите од најценетите професионални боксерски асоцијации и организации.Усик има невиден пробив кон врвот.После само 10 меча во 2016-та стигна до првиот трофеј во ВБО ,лани ја освои и ВБЦ титулата и оваа сезона во месец јули на олимиpскиот стадион во Москва го порази русинот Мурат Гасиев и ги презема појасите во ВБА и ИБФ верзиите како прв апсолутен шампион во полутешка категарија и само четврти боксер во историјата после американците Теренс Крафорд, Џермејн Тејлор и Бернанд Хопкинс.Александар Усик без пораз на профи – рингот со 15 победи вечерва ќе се сретне со предизвикувачот од Ливерпул, Тони Бејлу .Крузер-вејт светскиот првак во ВБЦ од 2016 година има можност пред домашна публика да и ја донесе на Британија најголема боксерска слава.Ниту еден натреварувач кој доаѓа од земјата лулка на боксот, не успеал да стане неприкосновен шампион.Мега боксерскиот спектакл ќе се одвива во Манчестер Арена.Преносот на Телма почнува од 21.30.