Вардар три месеци без Мораеш

Поради санирање на повредата на коленото, кружниот напаѓач на Вардар, Рожерио Мораеш ќе мора да замине на операција и според првите процени бразилскиот интернационалец ќе мора да паузира најмалку три месеци.

“Го одиграв мојот последен натпревар оваа година за Вардар, сега ме очекува операција на коленото. Не ми беше лесно да играм три месеци со болка. Се враќам наскоро”, напиша на својот инстаграм профил, Мораеш.

Бразилецот нема да биде во комбинација за место во тимот до крајот на годинава, а сигурно дека на екипата ќе и се приклучи во продолжението од сезоната по Светското првенство.

До крајот на годинава тренерот Роберто Парондо на позицијата кружен напаѓач на располагање ќе го има капитенот Стојанче Стоилов и рускиот интернационалец Глеб Калараш.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ