Вардар со пресврт до победа против Пелистер

Во последниот натпревар од 7. коло во кошаркарскиот шампионат на Македонија, Вардар го совлада Пелистер со 65:63.

Гостите од Битола во последниот период влегоа со предност од шест поени, но во завршница домашните успеаа да стигнат до триумф и да ја забележат втората победа сезонава.

Најефикасен во победничката екипа со 23 поени беше Џуниус Провер, Дино Радош беше стрелец на 12 додека Павле Михајлоски впиша 11 поени и шест скока.

На спротивната страна Габриел Билер мечот го заврши со 24 поени и 17 освоени топки под обрачите, а Тајрон Херис беше стрелец на 19 поени.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ