
Вардар со Борозан атакува на нов триумф
Ракометарите на Вардар денеска од 17 часот во салата на СЦ Јане Сандански ја пречекуваат Барселона и со нов триумф повторно ќе се вратат на лидерската позиција во А групата од Лигата на шампиони.
Македонскиот првак во дуелот со ривалот од Шпанија влегува засилен бидејќи во составот се враќа Вуко Борозан, кој ја издржа казната од еден натпревар и се очекува “црвено црните” да стигнат до нови три бода. На спротивната страна во тимот на Барселона нема да настапи полскиот репрезентативец Камил Спижак.
Влезниците за вечерашниот натпревар се одамна распродадени и нашите ракометари како по обчај ќе имаат огромна поддршка од трибините.
Почетокот на натпреварот е закажан за 17 часот.