Вардар, Шкупи и Работнички добија тешки противници во 1.коло од Лигата на Европа

Шкендија вчера имаше голема среќа во ждрепката за квалификациите во Лигата на шампионите, но тоа не може да се каже за нашите претставници во второто по ранг клупско натпреварување.

Најтешкиот и најатрактивниот противник го доби екипата на Шкупи, која ќе игра против шкотскиот гигант Глазгов Ренџерс. Интересно е тоа што овој тим летово го назначи Стивен Џерард за нов менаџер, а легендата на Ливерпул ќе дебитира на клупата токму на првиот дуел со Шкупи, што се игра на стадионот „Ајбрукс“ во Глазгов на 12 јули.

Вардар иако беше помеѓу носителите во првата квалификациска рунда, доби незгоден противник во името на ерменски Пјуник. Овој тим претходно играше против Победа во квалифиакциите од Лигата на шампиони во 2004 година, кога прилепскиот тим доби суспензија од осум години поради местенка. Пјуник во Лигата на Европа има играно и со екипата на Тетекс, па Вардар ќе биде нивниот трет македонски ривал.

Работнички исто така немаше многу среќа во ждрепката, бидејќи за ривал го доби Хонвед од Унгарија. Со оглед на фактот дека при ждрепката сите македонски претставници беа извлечени првите натпревари да ги играат на гости на 12 јули, а реваншите на домашен терен една недела подоцна, се очекува да има промена во распоредот со оглед на фактот дека сите би играле на арената „Филип Втори“.

Нашите клубови ги добија и можните противници во второто квалификациско коло, па така Вардар би играл со подобриот од дуелот Самптредија и Тобол, Шкупи би се сретнал со Осијек или Петроклуб, додека можни противници на Работнички се Прогрес или Габала.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ