
Вардар се доближи на три бода до Шкендија
На стадионот Борис Трајкосвки во скопско Маџари, Вардар ја совлада Победа со 3-0 ,што е втор триумф во низ на вицепрвакот,после гостувањето кај Силекс.Брдаровски во 29 минута погоди за 1-0.Во второто полувреме,Попзлатанов во 67-ма и Исени три минути подоцна, се погрижија за убедлива победа,десетта сезонава за Вардар.Во Тетево,есенскиот шампион Шкендија претпрпе пораз на домашен терен од Академија Пандев од 0-1.Единсвтениот гол го постигна Крстевски во 26 минута,за осма побед на Академија и втор пораз на актуелниот првак.
ФУДБАЛ ПРВА ЛИГА 17.КОЛО
ВАРДАР – ПОБЕДА 3-0
ШКЕНДИЈА – АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ 0-1
БЕЛАСИЦА – РАБОТНИЧКИ 1-2
МАКЕДОНИЈА ЃП – СИЛЕКС 1-1
ШКУПИ-РЕНОВА 1-1
ТАБЕЛА 1. ШКЕНДИЈА 37 2. ВАРДАР 34 3. АКАДЕМИЈА П. 29