
ВАРДАР РУТИНСКИ ДО БОДОВИТЕ ПРОТИВ ИЗВИЃАЧ
Македонскиот шампион ја забележа седмата победа сезонава во Сеха лигата.Вечерва во СЦ Јане Сандански,Вардар го порази Извиѓач со 38-27.Гостите од БиХ кои имаат само еден бод после 8.натпревари беа во подредена улога од почетните минути против комбинираниот состав кој тренерот Парондо ги имаше на терен. На полувремето 21-13 ,финални 11 разлика за домашните.
Најефикасни кај Вардар во мечот што е во насока на подготовка за саботниот дуел со Кјелце во ЛШ,денеска беа Војводиќ и Оцвирк со по 6 погодоци,Поповски и Кисељев поделија по 5 голови .На врвот од табелата Вардар со 21 бод се изедначи со Нексе и Загреб.Утре во Сеха лигата Металург од 17 часот и гостува на Војводина