Вардар против Ал Вехда за третото место на Супер глоуб

Ракометарите на Вардар денеска од 13 часот и 30 минути во Дамам против најдобриот состав од Саудиска Арабија, Ал Вехда ќе се бори за третото место на Светското клупско првенство, а настапот на нашиот состав ќе можете да го следите низ директен пренос на Телма.

“Црвено црните” по поразот од Кил не успеа да се пласира во големото финале и денеска има шанса да го повтори успехот од пред две години кога исто така на Супер глоуб се закити со бронзата.

Ал Вехда како најуспешен тим во Саудиска Арабија доби специјална покана за настап на турнирот и како дебитант го постигна најголемиот успех во клупската историја на меѓународна сцена.

Ал Вехда во четврт-финалето беше поуспешна од првакот на Бразил и Јужна Америка, Таубате, а во полуфиналето доживеа убедлив пораз од Барселона.

Мечот почнува во 13 часот и 30 минути и ќе можете да го следите низ директен пренос на Телма.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ