ВАРДАР ПРЕД РЕВАНШОТ СО КИЛ,ЌЕ ИГРАМЕ КАКО ДА Е 0-0

Вардар е пред нова можност да заигра на финалниот турнир од Лигата на шампионите.В недела во Јане Сандански(17.00) претстои второто полувреме од четвртфиналето со Кил.Европскиот шампион го доби првиот меч со 29-28.Тренерот Гонзалес е внимателен,укажувајки на капацитетот на германскиот состав кој со зоната 3-2-1 им создал проблеми на мечот во Шпаркасе Арена.

-Кил има одлични ракометари кои ќе знаат да се снајдат и во Скопје. На првиот меч играа добро 3-2-1, а за нас беше тешко да нападнеме против оваа одбрана. Моите ракометари се подготвени и сакаме уште еднаш да играме во Келн. Сите очекуваат од нас да победиме. Ќе играме под притисок, а свесни сме дека ќе биде тешко бидејќи имаме одличен противник за ривал-истакна Раул Гонзалес,тренерот на Вардар.

Капитенот Стојанче Стоилов додаде дека го респектираат својот противник и треба да се заборави што се случило во првиот натпревар, како и да се пристапи на натпреварот како да е 0-0.

Кил е еден од најдобрите клубови во историјата на ракометот, и имаме респект кон нив. Победивме во Кил, но треба да го заборавиме овој дуел и да почнеме од почеток и на реваншот. На реваншот мораме да тргнеме како да е 0-0 и да се мотивираме бидејќи фајналфорот во Келн е нашата единствена опција- изјави Стоилов.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ