ВАРДАР ПОРАЗЕН ОД ШКЕНДИЈА,БЕЗ ПОБЕДНИК НА ПЕЛАГОНИСКОТО ДЕРБИ
На арената Филип Втори во Скопје, Вардар попладнево го претрпе вториот пораз сезонава на домашен терен. Шкендија славеше со 3-2, се оддалечи на 23 бодови од Вардарци и математички може да ја завери титулата во домашниот шампионат веќе во следното коло.Гостите од Тетово поведоа во 6 минута преку Ибраими.Вардар изедначи во финишот на првото полувреме со голот на Колевски.Скопската екипа направи целосен пресврт во 47 минута.Од пенал, прецизно биеше Блажевски.Шкендија во 52 –та се врати во игра со вториот погодок на Ибраими.Муслиу во 59 минута ги постави конечните 2-3.
На Пелагониското дерби,Пелистер и Победа ги поделија бодовите играјки 1-1.Дановски во 59 овозможи предност за Победа.Во продолжение гостите не искористија пенал .Трифуновски во 83-тата минута изедначи на 1-1 за бод на Пелистер.
На другите три меча од 28.коло,Академија Пандев-Шкупи 1-2,Скопје-Силекс 1-1 и Ренова-Работнички 2-1.Шкендија се искачи до 72 бода,Вардар застана на 49,Силекс на третото место има 42 бода.Во битката за опстанок,Победа има бод повеќе од Пелистер и Скопје кои се на последните две позиции.