Вардар ,,пазари’’во Загреб
Вардар се подготвуваа за новата сезона каде го очекува повторно битка на повеќе фронтови,во ЛШ,Сеха лигата и во домашното првенство кое ќе биде интересно во трка за врвот каде свои амбиции и квалитети имаат и Металург и Еурофарм Пелистер.Црвено-црните најавија дека ќе го зголемат ростерот а нови имиња во него се хрватите Анте Гаџа и Јосип Векиќ.Централниот бек Гаџа потврди за хрватските медиуми дека се договорил со Вардар и покрај противењето на неговиот досегашен клуб Загреб. 27 годишниот плејмејкер имаше солидна сезона за популарните ,,Плинари’’ и ќе биде замена за Сташ Скубе кој го напушти клубот од скопски Аеродром.Покрај Анте Гаџа од редовите на Загреб во Вардар доаѓа и специјалистот за дефанзива,младиот Јосип Велиќ ,22 годишен десен бек ,висок 210 сантиметри.Од Вардар го потврдија и Марко Кизиќ.Младиот голман и повремен македонски репрезентивец ќе остане во тимот за новата сезона и заедно со Борко Ристовски и Робин Кантегрел ќе го сочинуваат голманското трио. Вардар претходно се засили со Талески,Георгиевски и со Јагуриновски.