Вардар останува перфектен: Лесна победа и против Војводина

Вардар не дозволи никакво изненадување против Војводина во СЕХА-лигата и го задржа максималниот ефект во новата сезона по пет одиграни кола. „Црвено-црните“ славеа со 33-26 против српскиот првак во натпревар во кој тренерот Роберто Гарсија Парондо ги штедеше силите за саботното дерби во Лигата на шампиони против Рајн Некар Левен.

Во првото полувреме предноста на Вардар не беше повисока од +4, а на полувремето имаше водство од само 17-15. Нашиот тим притисна посилно на стартот на вториот дел и веднаш направи сериозна предност со која не и дозволи на Војводина да се понадева на некаква сензација. Највисокото водство изнесуваше +9, а на крајот дојде до мало опуштање на „вардарци“ за конечен резултат 33-26.

Без Вуко Борозан, Рожерио Мораеш и Дејан Милосављев во тимот, Дмитриј Киселјев беше играч на натреварот со девет гола од девет шута, додека четири голови постигна Сташ Скубе. На голот вечерва свое деби имаше Калифа Гебдане, кој натпреварот го заврши со девет интервенции.

Фото: РК Вардар

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ