Вардар ја отвора сезоната во ЛШ на домашен терен

Со дуелот против Порто што ќе се одигра попладнево од 17 часот во салата на СЦ Јане Сандански, ракометарите на Вардар ја отвораат новата сезона во Лигата на шампионите на домашен терен.


По триумфот на стартот на гостувањето во Монпелје, македонскиот, европскиот и регионален првак најави дека и оваа сезона има сила и квалитет да се бори за одбрана на трофејот, а токму денешниот дуел со Порто е одлилчна можност да се продолжи победничката низа во елитното натпреварување.


“Ова ни е прва средба дома како европски шампиони и тоа е посебно чувство. Очекувам полна сала и како и секогаш мора да одговориме со добра игра. Без разлика кој е противникот секогаш ќе биде тешко, па очекувам многу голема поддршка. Сите добро знаеме како ние играме во Скопје. Очекуваме можеби не лесни, но два бода. Ќе биде комплицирано бидејќи Порто игра 7 на 6, но мораме да се адаптираме на тој стил и не верувам дека некој може да не изненади. Анализираме добро, се концентрираме само на победа и чекор по чекор одиме напред”, изјави Тимур Дибиров, кој во отсуство на повредениот Стојанче Стоилов ќе на носи капитенската лента.
Како и на претходниот натпревар со Монпелје, тренерот Давид Писонеро нема да може да смета Стоилов и Жозе Толедо, но нашиот состав и покрај нивното отсуство е фаворит и очекуваме освојување на нови бодови.


Мечот во СЦ Јане Сандански почнува од 17 часот.

ВАРДАР:

  1. Дејан Куколоски
  2. Димитар Димитриоски
  3. Даинис Кристопанс
  4. Мартин Карапалевски
  5. Домен Сикошек Пелко
  6. Кристијан Дисингер
  7. Павел Атман
  8. Сташ Скубе
  9. Глеб Калараш
  10. Калифа Гедбан
  11. Иван Чупиќ
  12. Тимур Дибиров
  13. Сергеј Горбок
  14. Данил Шишкарев
  15. Сергеј Горпишин
  16. Артус Кугис

ПОРТО

  1. Алфредо Кинтана Браво
  2. Виктор Мануел Итуриза
  3. Јоран Баласкез
  4. Мигел Мартинс Соареш
  5. Омар Мбенге
  6. Анхел Зулуета
  7. Руи Мартинс Соуса
  8. Рубен Рибеиро
  9. Леонел Фернандеш
  10. Алексис Борхес Ернандез
  11. Диого Бранкињо
  12. Томас Бауер
  13. Антонио Родригеш
  14. Андре Гомеш
  15. Фабио Магаљаеш
Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ