ВАРДАР И СО КОМБИНИРАН ТИМ ЈА СОВЛАДА ВОЈВОДИНА

Вардар-Војводина  26-23  .Потешко извојувана  победа од очекуваното,петта  сезонава во Сеха  за регионалниот првак.Вардар  настапи со комбиниран тим  а се соочи со повреда на десниот бек Кристопанс уште од почетните минути.Војводина беше во егал до 15 минута.Вардар од 5-5  избори 10-6 ,но исклучувањата на Атанасовски и на Калараш ги искористија гостите за 11-11 на полувремето. Крилата Дибиров и Чупиќ играа на надворешната линија со поддршка на Скубе ,принудно кај Кокшаров а и во таква формација,Сеха шампионот се издвои на 26-21 во последните 5  минути и финишираше рутински .

Скубе   со 7  и  Димитриоски  со 6 голови  беа најефикасни кај Вардар.Кугис заврши со 11  одбрани .Кај Војводина се истакна Арсениќ со   19  интеревенции.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ