
Вардар и ПСЖ носители во ждрепката: „Црвено-црните“ го знаат и првиот ривал
Вардар, како актуелен европски првак, заедно со ПСЖ се двајцата носители во ждрепката за новата сезона во ракометната Лига на шампиони. Ова значи дека „црвено-црните“ во групната фаза не може да се сретнат само со парижините, но веќе го знаат првиот ривал.
Ждрепката е закажана за 27 јуни, а Вардар сигурно за противник го има тимот на Mонпелје. Според правилото на ЕХФ, во иста група не смеат да играат тимови од исти земји како Франција, Германија, Унгарија и Шведска. Според ова, Вардар ќе игра во група со Монпелје, а ПСЖ сигурно за противник го има Загреб од шестиот барабан.
Во послабата половина во лигата на шампиони, односно во групите „Ц“ и „Д“, исто така беа одредени квалитативните барабани. Вториот македонски претставник Еурофарм Работник ждрепката ја чека од шестиот шешир заедно со Кристијанштад од шведска. Со оглед дека и тука важи правилото дека две екипи од иста земја не смеат да играат во иста група, битолчани за противник сигурно ќе го имаат Савехоф од првиот барабан, додека Кристијанштад ќе игра против Динамо Букурешт. Преостанатите четири противници еурофарм ќе ги дознае во четврток.